Галеб АД е авто-транспортно претпријатие,
со седиште во Охрид, во југозападниот дел на Република Македонија.
Формирана во 1947 година оваа компанија претставува една од најстарите и најреномираните компании за превоз на патници во Република Македонија.
Седумдесет годишното постоење на „Галеб“ значи континуитет на развојот, седумдесет години историја на транспортот во Охрид и Република Македонија. Кога ќе се осврнеме на минатите седумдесет години постоење, со гордост се сеќаваме на времињата кога „Галеб“ беше една од најпопуларните и најреномираните авто-транспортни компании и на просторите на поранешна Југославија.
Таа традиција продолжува.
Денес „Галеб“ е компанија со 100% приватен капитал со 130 вработени - високо професионален персонал. Високиот квалитет на услугата, комфорноста и безбедноста која ја нудат 25 минибуси, 1 панорами, 8 автобус за локален сообраќај и 40 високостандардни автобуси го прават „Галеб“ неприкосновен лидер во авто-транспортната дејност во републиката.
Во изминатиот период „Галеб“ АД створи доста разгранета и разработена сообраќајна мрежа, како низ Македонија, така и кон соседните држави. Секогаш актуелни се редовните линии за Белград, Саранда, Валона, Тирана, Нови Сад и Херцег Нови.
Во Република Македонија се реализираат линии до Скопје, Битола и Кочани со повеќе редовни поаѓања дневно. Локалниот сообраќај го покриваме целосно на општинско ниво.
Составен дел на компанијата е современ авто-сервис, кој покрај дневната нега и одржување на сопствениот возен парк, комплетно е опремен за поправка, оджување и ремонт на автобуси и автомобили. За високиот квалитет на овие услуги се грижи врно обучен високо професионален кадар.
Остави коментар