Седумдесет годишното постоење на „Галеб“ значи континуитет на развојот, седумдесет години историја на транспортот во Охрид и Република Македонија. Кога ќе се осврнеме на изминатите седумдесет години постоење, со гордост се сеќаваме на времињата кога „Галеб“ беше една од најпопуларните и најреномираните авто-транспортни компании и на просторите на поранешна Југославија. Таа традиција продолжува. Денес „Галеб“ е компанија со 100% приватен капитал со 130 вработени - високо професионален персонал кој го исполнува високиот квалитет на услуга баран од патниците.
Остави коментар